Knigi za prodazhba
 
 
 
 
 

 

                           Јован Маендорф
                        Свети Григориј Палама и православната мистика
                           (превод од француски) 

извадок од книгата (pdf)
Исихастичката духовност не може да одговори на секој проблем на нашето време. Единствено Евангелието може да го стори тоа! Меѓутоа, таа станала извонредно актуелна токму поради нејзината верност на библиското учење за Бог и за човекот, поради целосната слобода на нејзината побожност восредоточена на единствената стварност - на Исус, Воплотениот Син Божји.
Исихастичката традиција преживеала во срцето на православната Црква не поради некаква апсолутиазија на една посебна школа, туку поради нејзината верност кон ’Единствениот Којшто е потребен’ во севкупниот христијански живот. Токму во оваа смисла можеме да говориме за Исусовата молитва како за автентична пројава на православната духовност.

                            
                              За нарачка на оваа книга, кликнете тука 350 ден.





Павел Флоренски
„Обратна перспектива“ и „Иконостас“

(превод од руски)


     ...Обратната перспектива е најдиректната точка во која духовното око на човекот се погледнува или се среќава со Божјото око. Колку подлабоко или повистиниот ќе ја прочитаме обратната перспектива, толку повеќе ќе сфатиме дека нашиот живот, нашето постоење, нашите длабоки духовни врски имаат голема смисла во минатото, во сегашноста и во иднината.

    ...Византискиот иконопис тивко, „скромно“ живееше во храмовите пред очите на оние што својата радост, својата тага, болка, надеж, но секогаш верба, ја спојуваа со аголот на гледање во обратната перспектива на фреските и иконите, агол од кој ги озаруваше Духот на Творецот.
    
    ...Имајќи предвид дека иконата е материјален знак што нè упатува кон вишите значења на вишата (небесна) реалност, Флоренски преку анализата на уметничките димензии на иконостасот, го доближува значењето на таа видливо-невидлива граница меѓу овој и оној свет, до свеста на секојдневниот обичен созерцател. Согледувањата и пораките на еден научнички, но и богословски ум, толкувањата на визуелниот израз на иконостасот, но и на нивната длабинска содржина - вкоренета во тајните на метафизичкиот свет, се сведоштва за живата реалност на иконостасот пред кој стојат и постојат сите минати и идни молитви, причесни, крштевања, исповеди, небесни бракови, проповеди, секоја смрт за повторно раѓање, сè она што го прави животот вистински и просветлен.

(од преговорот кон книгата)

За нарачка на оваа книга, кликнете тука
550 ден.





         Клитос Јоанидис
     „Старец Порфириј
“, книга 1
     (превод од грчки)



Старецот Порфириј е роден на 7 февруари 1906 година. На Крштението го добил името Евангел. На возраста меѓу неговата дванаеста и четрнаеста година заминал за Света Гора. Набрзо e замонашен со името Никита. Заради тешка болест се преселува во еден манастир надвор од Света Гора. Во 1927 година ракоположен е за свештеник и го добива името Порфириј. Наскоро со официјално писмо е одреден за исповедник. Таа должност ја извршувал до 1940 година. Во 1940 година на почетокот на втората Светска војна станува свештеник при капелата на поликлиниката во Атина. Таму служел цели 30 години. Од 1973 година духовните чеда ги прима во манастирот на Свети Никола, во Калисија. Во 1991 година се враќа на Света Гора и таму се упокојува.

Оваа книга покрај житието содржи сведоштва и искуства на духовни чеда на старецот Порфириј.

„...Старецот поучуваше дека основна работа на духовниот во Христа живот, голема тајна на нашата вера, е единството во Христа. Станува збор за чувството на нашето поистоветување со другиот, за да си го носиме бремето еден на друг, за да живееме за другите како што живееме за себе, да се молиме ‘Господи Исусе Христе помилуј МЕ’ и во тоа ‘МЕ’ да има болка за неволјите на другите како за неволји наши, страдање како што тие страдаат, радост за она што е нивна радост, додека нивниот пад го сметаме за свој, а нивното подигање за наше (лично)...“


За нарачка на оваа книга, кликнете тука 350 ден.