| |
|
|
|

Клитос Јоанидис: „Старец Порфириј“, книга 1
(превод од грчки)
Оваа книга покрај житието на Старецот Порфириј содржи сведоштва и искуства на неговите духовни чеда.
„...Старецот поучуваше дека основна работа на духовниот во Христа живот, голема тајна на нашата вера, е единството во Христа. Станува збор за чувството на нашето поистоветување со другиот, за да си го носиме бремето еден на друг, за да живееме за другите како што живееме за себе, да се молиме ‘Господи Исусе Христе помилуј МЕ' и во тоа ‘МЕ' да има болка за неволјите на другите како за неволји наши, страдање како што тие страдаат, радост за она што е нивна радост, додека нивниот пад го сметаме за свој, а нивното подигање за наше (лично)...“
|
|
Митрополит Наум:
Школа за исихазам (Книга 1)
Опитен вовед во Преданието на умносрдечната Исусова молитва. Учењето на светогорските старци од 20 век за патиштата кон стекнувањето на Божјиот дар на умносрдечната молитва. За есхатолошките димензии на умносрдечната молитва. Умносрдечната молитва како критериум за пастирскиот подвиг на свештенството и влијанија во еклисиологијата. Анализи: аскетско-исихастички аспекти на современите текови во односите меѓу МПЦ и СПЦ.
Книгата е отпечатена во манастирската печатница „Свети Теодосиј Синајски“ при машкиот манастир на Светите Четириесет Севастиски маченици во Банско. |
Павел Флоренски: „Обратна перспектива“ и „Иконостас“
(превод од руски)
...Обратната перспектива е најдиректната точка во која духовното око на човекот се погледнува или се среќава со Божјото око. Колку подлабоко или повистинито ќе ја прочитаме обратната перспектива, толку повеќе ќе сфатиме дека нашиот живот, нашето постоење, нашите длабоки духовни врски имаат голема смисла во минатото, во сегашноста и во иднината.
...Византискиот иконопис тивко, „скромно“ живееше во храмовите пред очите на оние што својата радост, својата тага, болка, надеж, но секогаш верба, ја спојуваа со аголот на гледање во обратната перспектива на фреските и иконите, агол од кој ги озаруваше Духот на Творецот.
...Имајќи предвид дека иконата е материјален знак што нè упатува кон вишите значења на вишата (небесна) реалност, Флоренски преку анализата на уметничките димензии на иконостасот, го доближува значењето на таа видливо-невидлива граница меѓу овој и оној свет, до свеста на секојдневниот обичен созерцател. Согледувањата и пораките на еден научнички, но и богословски ум, толкувањата на визуелниот израз на иконостасот, но и на нивната длабинска содржина - вкоренета во тајните на метафизичкиот свет, се сведоштва за живата реалност на иконостасот пред кој стојат и постојат сите минати и идни молитви, причесни, крштевања, исповеди, небесни бракови, проповеди, секоја смрт за повторно раѓање, сè она што го прави животот вистински и просветлен.
|
|

Митрополит Наум: Слово од Водоча
- интервјуа, написи, две беседи, една студија...
Мала но аскетска хроника на настаните што се случија кај нас и го допреа животот на Црквата. Светиот продор на словото „со власт“ во разнебитеното секојдневие на една малечка држава. Благодариме за одговорите и на оние неизговорени прашања од трепетните предели на притаеното човекољубие на изминатите децении! Многаја лета!!!
Митрополит Наум: Слово од Елеуса
- обновено, дополнето издание (второ)
Многумина тргнуваа од Писмата во оваа книга во пресрет на првиот а кон последниот, старечки благослов на Епископот во кого го наслушнаа својот повик од Живиот Бог и Му поверуваа за да Го следат.
(Есеи:) Едно предание за подвигот на „очистувањето на срцето“ или вистинска содржина на аскетско-исихастичкиот опит по стапките на словото на духовниот отец.
|
Старец Ефрем Филотејски: Поуки за Исусовата молитва - епитомно издание
Ќе ги наречеме ли поуки од наследството на светата исихастичка школа на преподобниот Јосиф Спилеот? Или сепак, еден Божествен принос на многуплодниот свет ученик Ефрем Филотејски!!!
За тајната и благословот на послушанието кон Старецот.
Особеност: предание од личниот опит во подвигот на умствената молитва до најтенките нијанси. (превод од грчки)
|
|
Јован Маендорф: Свети Григориј Палама и православната мистика
(превод од француски)
Исихастичката духовност не може да одговори на секој проблем на нашето време. Единствено Евангелието може да го стори тоа! Меѓутоа, таа станала извонредно актуелна токму поради нејзината верност на библиското учење за Бог и за човекот, поради целосната слобода на нејзината побожност восредоточена на единствената стварност - на Исус, Воплотениот Син Божји.
Исихастичката традиција преживеала во срцето на православната Црква не поради некаква апсолутиазија на една посебна школа, туку поради нејзината верност кон 'Единствениот Којшто е потребен' во севкупниот христијански живот. Токму во оваа смисла можеме да говориме за Исусовата молитва како за автентична пројава на православната духовност.
|
Старец Силуан: Таговна радост
- радосна тага -
Каков е неизглаволливиот пат на Светиите, за да ги гледа секој богољубив неговите патокази... „Тагува душата моја по Господа и со солзи Го барам. Каде Си Ти, Светлино моја? Каде Си Ти, Радост моја? ...Ете, Ти Си на секое место, но мојата душа не Те гледа и во тага, солзејќи, Те бара! ...Кога луѓето го негуваат стравот Божји, тогаш е тивко и спокојно да се престојува на земјата. “ Старец Силуан е канонизиран за Светител во 1988 година од страна на Вселенската Патријаршија во Константинопол. (Превод од руски.)
|
|
Старец Јосиф: Исихастички сведоштва
- епитомно издание -
Малечка но сеопфатна книга (тринаесет писма) за подвигот на Исусовата молитва: од почетоците до најскришните совршенства. Поучува за законитостите на содејствувањето на благодатта, за духовната смисла на страданијата, за стратегијата на борбата со демоните и одолевањето на разорното влијание на страстите во срцето... (Превод од грчки) |
|
|
|
Старец Паисиј: Вовед во монашкиот живот - епитомно издание -
Најкорисни податоци за почетоците на монашкиот живот. Практични информации и упатства за искушеничкиот период и јасни патокази за потребата од духовно раководство на Старец за најголемото мноштво почетници. Условите на животот во послушание. Засакајте ја молитвата! За патот на отците. Други пораки и откритија.На својот духовит јазик Старецот Паисиј отвара видик кон спасителниот пат што им е еднакво потребен и на тие што тежнеат кон манастирот и на оние кои ќе останат и ќе се спасуваат дома. По неговите молитви да ни го даде Бог совршеното послушание. Амин.
|
|
Старец Софрониј(Сахаров): За духот и животот - 247 слова -
До чувствителното крајче на душата, скриеното срце на човекот!Откако ќе ја прочитате барем еднаш, книга што со доверба и ревност ќе ја отварате на дофат - за да си земете вдахновение да се потрудите во својот напор кон светоста. По молитвите на овој Старец, дај ни Господи да започнеме со малечките нешта во секојдневниот живот, а да завршиме со свеста „јас сум“! (Превод од грчки.) |
|
|
|
Јован Д. Зизиулас, Епископ Пергамски: Од маска до личност
- студија -
Едноставна историја на развојот на поимот на личноста во главните мени на философијата. Единствениот одговор на теологијата: онтологијата на личноста како апсолутен поим (е) неразделна од познанието на Божественото битие како Личност. Првоначалноста на слободата. Љубовта: начин на постоење на Бога, принцип на заедницата со Него, залог, пројава на вечниот живот, востановение на личноста (саможртвено). (Превод од грчки.)
|
|
Свети Игнатиј Брјанчанинов: Темели на духовниот живот
За подвигот на плачот и дарот на солзите. Севкупноста на молитвениот подвиг и неговите негативни аспекти. Што ја прави молитвата света, т.е. дејствителна? Што ја разорува и го труе подвигот? Поопширно за прелеста. Значењето на духовното раководство за напредокот во Исусовата молитва. Кусо житие на Свети Игнатиј. (Превод од руски) |
|
|
|
Слово за монаштвото
Оваа книга ја предизвика првото соборно искушение на штотуку роденото монаштво: големата врева на неколцината вознемирени родители и новинари, но и сенишниот облак на случајните намерници над првите осветлени чела на младата Христова војска во Земјата. Заради молитвите на Старецот, Господ нѐ помилува. Амин.
|
|
Мал православен молитвеник - трето издание
Утрински и вечерни молитви. Молитви за разни потреби. Акатист кон Пресвета Богородица.
|
|
|
|

Сестринството од манастирот на Пресвета Богородица Елеуса: Божествена Литургија на св. Јован Златоуст
Со возобновувањето на монашкиот исихастички и евхаристиски живот во нашите манастири возобновено е и старото македонско црковно пеење. Овој електронски запис нека биде наш монашки дар, а ваш предвкус на Новиот Живот што пред две илјади години засветли од Витлеемската пештера.
CD-то е издадено со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Струмички Наум. |
|
 |
|
|