Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 18/07/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Преподобен Атанасиј Атонски

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување... Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за потесен подвиг, се пресели на Света Гора заради безмолвие. Но околу него почнаа да се собираат мнозина ревнители кон подвижничкиот живот и тој беше принуден да ја соѕида својата славна Лавра. Во тоа изобилно му помагаа византиските цареви, најпрво Никифор Фока којшто и самиот сакаше да се замонаши и да се повлече, а потоа Јован Цимисхиј. На Свети Атанасиј навалуваа многубројни искушенија и од демоните и од луѓето, но тој како храбар Христов војник одолеваше на с ? и со својата неизмерна кроткост и непрестајна молитва кон живиот Бог сите ги победуваше. Полн со Божја благодат, се удостои да Ја види Пресвета Богородица, Којашто чудесно низведе вода од карпа и му вети дека секогаш ќе биде Икономиса (Игуманија) на манастирот. Атанасиј предничеше пред своите браќа и во работата и во молитвата и сите ги љубеше со љубов на пастир и духовен отец. Смртта му дојде ненадејно. Еднаш со шестмина монаси се искачи над една новоизградена црквена припрата да го прегледа ѕидот што се ѕидаше тогаш, но ѕидот се урна и сите ги затрупа. Така заврши овој голем светилник на монаштвото, во 980 година. По смртта повеќепати им се јавуваше на своите собраќа за да ги утеши или искара.

Тропар
На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови, телесно над невидливите сплетени мрежи си се воздигнал, ранувајќи ги демонските полкови, секогаш славен Атанасие, кого Христос го обдари со богати дарови. ПОради тоа, оче, моли се да се спасат душите наши.

Преподобниот маченик Кипријан Нови

Роден е во селото Клицос во Епир. После смртта на неговите добри родители отиде на Света Гора, се замонаши и се предаде на подвиг во една келија близу манастирот Кутлумуш. Си наложуваше труд на труд и подвиг на подвиг, дури не стана прочуен и почитуван по цела Света Гора. Но самиот не беше задоволен со себе. Го мачеше помислата дека не може да се спаси поинаку, освен преку мачеништво за Христа. Ја остави значи Света Гора, отиде во Солун, излезе пред солунскиот паша и го повика да ја отфрли лажната мухамеданска вера и да ја прими верата Христова. Пашата нареди, та го изнатепаа и го избркаа надвор. Незадоволен од тоа мало страдање за Господ Исус, Кипријан отиде во Цариград, му напиша една хартија на великиот везир во којашто ја изложи лажноста на Мухамед и вистинитоста на Господ Христос. Везирот разлутен го испрати кај шеик-ул-исламот, а овој штом го ислуша Кипријан с ? што имаше да каже, нареди да му ја отсечат главата. Радосен над секоја мера, Кипријан одеше на губилиште како на свадба. И така пострада за Христа овој Божји човек, на 5 јули 1679 година, остварувајќи си ја својата најтопла желба.

Тропар
Те закрепна Господ да Го исповедаш Името Негово свето, и те удостои да бидеш заедничар на Неговата вечна слава, о Кипријане преподобномачениче. Светот ја виде радоста на лицето твое, поради подвигот свет, а небесата дојавија за славата на Божјиот маченик, кој сега и за наше спасение се моли.

Преподобен Лампад

Имајќи огнена љубов кон Бога уште од детството, Лампад се оддалечи во пустината близу Иринопол и се посвети на подвиг. Штом ги совлада сите страсти и телесните желби, неговата душа беше просветлена од небесна светлина и со неискажлив мир којшто не е од овој свет. Чудотворец и за време на животот и по смртта. Се подвизуваше најверојатно во 10 век.

Тропар
Пештерата твоја ја скри тајната на твоите подвизи за Христа принесени, Лампаде свети, но ангелите ја објавија славата твоја на небесата, која ние на Бога благодарност вознесуваме, а тебе те чествуваме и молиме да бидеш застапник на нашите души пред Господа.

Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна

Светата преподобномаченичка, великата кнегиња Елисавета Фјодоровна е ќерка на Великиот херцог Хесен-Дармштадски, внука на англиската кралица Викторија. Била воспитана на англиски начин, строго: на едноставна облека и храна, на вршење куќни работи, на обемно проучување. Принцезата Елисавета особено се одликувала со љубов кон ближните, со сериозен и длабок карактер. На деветнаесет години станала жена на рускиот велик кнез Сергеј Александрович, петтиот син на царот Алексанадар II. После стапувањето во брак, постепено дошла до цврста одлука да прими Православие. Постојано ги посетувала болниците за бедните, домовите за старци, прифатилиштата за бездомни деца; раздавала храна, облека, пари, сакајќи некако да им го олесни животот на несреќните. Во 1894 година сестра ?, Алиса, се омажила за наследникот на рускиот престол, Николај Александрович, кој набргу станал цар. Во Православието таа го добила името Александра. На 18 февруари 1905 година сопругот на Елисавета Фјодоровна, Сергеј Александрович, бил убиен. Оттогаш таа не го симнала траурот, држела строг пост, многу се молела. Великата кнегиња ги собрала сите свои скапоцености и еден дел ги дала во државната благајна, еден дел на роднини, а дел употребила за изградба на обителта на милосрдието на светите Марта и Марија. Живеела строг подвижнички живот. Спиела на голи дрвени штици, тајно носела кострет, јадела само растителна храна, многу се молела, малку спиела, а сепак, на сите начини се трудела сето тоа да го држи во тајност. Во април 1918 година била уапсена и одведена во Перм. Последните месеци од својот живот ги поминала во притвор, во градот Алапаевск. Целото време го поминувала во молитва. Била убиена на 18 јули, заедно со други членови на Царскиот Дом.

Тропар
Смирением достоинство княжеское сокрывши, богомудрая Елисавето, сугубым служением Марфы и Марии Христа почтила еси. Милосердием, терпением и любовию себе предочистивши, яко жертва праведная Богу принеслася еси. Мы же, чтуще добродетельное житие и страдания твоя, яко истинную наставницу усердно просим тя: святая мученице великая княгине Елисавето, моли Христа Бога спасти и просветити души наша.