Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 26/02/2018

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Преподобен Симеон Мироточив

Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ, бранител на Православието, истребител на ересите. Беше прво крстен во латинската црква, но подоцна се ослободи од неа и стана член на православната Црква. Кога ја утврди државата и православната вера во неа, тогаш по примерот на својот син Сава прими монашки чин во манастирот Студеница во 1195 година и го доби името Симеон. Неговата жена Ана исто така прими монашки чин, го доби името Анастасија и се повлече во женски манастир. По две години монаштво во Студеница Симеон замина на Света Гора. Овде се насели прво во манастирот Ватопед заедно со Сава. Таткото и синот ги минуваа ноќите и деновите во молитва. Изградија таму шест параклиси: на Спасителот, на Бесребрениците, на Св. Георгиј, на Св. Теодор, на Св. Јован Предвесник и на Св. Николај. Ги купија урнатините на Хилендар и изградија прекрасен манастир, во кој Симеон поживеа само осум месеци па се упокои. Кога беше на издивнување, според неговата желба Сава го положи на рогозина. Со очите управени кон иконата на Пресвета Богородица со Спасителот, блажениот старец ги изусти овие зборови: „Всјакое дихание да хвалит Господа!“ И се пресели кај Господ на 13 февруари 1200 година.

Преподобен Мартинијан

Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што с ѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди! Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена а тој виде дека ќе падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре солзи на очите и не уби во него секаква похот. Кога надојдоа други искушенија тој побегна на една осамена карпа сред морето и таму живееше. Но кога при еден бродолом и на оваа карпа доплива една жена, тој скокна во морето за да се удави, но го дочека еден делфин и по Божја Промисла го изнесе на грб на брегот. Тогаш реши повеќе нигде да не се населува трајно, а постојано да патува. Така за две години измина сто шеесет и четири града, исправајќи ги и советувајќи ги луѓето. Најпосле пристигна во Атина и таму се упокои во 422 година.

Светите Зоа и Фотинија

Зоа беше најпрво развратна жена и искушувачка на Св. Мартинијан, па кога го виде овој испосник како скока во оган за да убие секакво сладострастие во себе, таа горко се покаја, отиде во еден манастир во Витлеем, каде што јуначки се подвизуваше како испосничка и затворничка. Кога ги покаја своите гревови доби од Бога дар на чудотворство. Света Фотинија морската бура ја исфрли на островот на којшто се беше осамил Св. Мартинијан. Тој веднаш се оддалечи од островот, а Фотинија се упокои таму во пост и молитва.

Свети апостоли Акила и Прискила

Брат на свети Теодор Студит. Уште од младоста се подвизувал заедно со брат му под раководство на нивниот вујко, преподобен Платон, основач на манастирот Сакудион. Поради својот славен подвижнички живот, преподобен Јосиф едногласно бил избран за архиепископ на Солун. Заедно со свети Теодор биле гонети за светите икони од страна на иконоборниот цар Лав. Биле страшно мачени и затворени во темница, но тие останале непоколебливи во својата вера. Така измачуван, свети Јосиф се упокоил во Господ во 830 година.