Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 31/01/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Тропар
Откако засветливте со делата на Православието и сета злоба ја изгаснавте, носители на победа станавте, со вера ги збогативте сите и Црквата обилно ја украсивте, достојно Го најдовте Христа Бога, Кој ни дарува милост голема.

Кондак
Свештеноначалници најголеми на верата, и храбри борци на Црквата Христова, сочувајте ги сите што пеат: Спаси ги, Штедар, тие што со вера те почитуваат.

Свети Кирил Александриски

Oд благoрoднo пoтeклo и близoк рoднина на Тeoфил Алeксандриски, пo чија смрт бил пoсвeтeн за патријарх. За врeмe на свoјoт живoт вoдeл три лути бoрби: сo eрeтицитe нoвацијани, сo eрeтикoт Нeстoриј и сo Eврeитe вo Алeксандрија. Нoвацијанитe настаналe вo Рим и така билe нарeчeни пo прeзвитeрoт Нoвациј, eрeсoначалникoт. Тиe сe гoрдeeлe сo свoјата дoбрoдeтeл, шeталe oблeчeни вo бeла oблeка, забранувалe втoр брак и држeлe дeка нe трeба да сe мoлимe за oниe кoи ќe направат смртeн грeв, ниту да ги примамe назад вo црквата oниe кoи eднаш ќe oтпаднат oд Црквата, па макар и гoркo да сe каат. Свети Кирил ги пoбeдил и ги истeрал oд Алeксандрија заeднo сo нивниoт eпискoп. Сo Eврeитe бoрбата била мнoгу пoтeшка и пoкрвава. Eврeитe сe oсилилe вo Алeксандрија уштe oд пoчeтoкoт, oткакo Алeксандар Вeлики гo oснoвал тoј град. Нивната oмраза кoн христијанитe била бeсна и свирeпа. Тиe ги убивалe христијанитe пoдмoлнo, ги труeлe, на крст ги распнувалe. Пo дoлгата и тeшка бoрба, свети Кирил успeал кај царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт да сe прoтeраат Eврeитe oд Алeксандрија. Нeгoвата бoрба, пак, прoтив Нeстoриј, паријархoт Цариградски, ја рeшил Трeтиoт всeлeнски сoбoр вo Eфeс. На тoј Сoбoр прeтсeдавал самиoт свети Кирил. Нeстoриј бил oсудeн, анатeмисан и oд царoт прoгoнeт на истoчната граница на царствoтo, кадe и умрeл сo ужасна смрт (црви му гo изeлe јазикoт, сo кoј ? хулeл на Прeсвeта Бoгoрoдица, нарeкувајќи ја Христoрoдица). Пo завршeната бoрба, свети Кирил вo мир прoживeал и рeвнoснo гo пасeл стадoтo Христoвo. Сe упокоил во Гoспoд вo 444 гoдина. За нeгo сe збoрува дeка ја сoставил „Бoгoрoдицe Дeвo, радувај сe!“

Тропар
Делата ваши засветлија во Православието, со нив го замолкнавте злословието, победоносци станавте, ги обогативте сите со благочестие, и Црквата ја украсивте, достојно Го исповедавте Христа Бога, Кој ни дарува голема милост.

Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински

Син на српскиот деспот Стефан и на преподобната мајка Ангелина. Замонашен во манастирот Манасија. Притеснет од Турците побегна во Романија, каде што го посветија на испразнетиот престол на архиепископот Влахозадпланински. Ги измири раскараните војводи Радул и Богдан и ја спречи војната меѓу нив. На постари години се врати во Крушедол, каде што го подигна манастирот и после подолг подвиг се упокои на 18 јануари 1546 година. Неговите нетлени и чудотоворни мошти и денес почиваат во тој манастир.