Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 17/01/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа с ? двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 - 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници на светот и наследници на Небесното Царство.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог да ни подари простување на нашите согрешенија.

Евнухот на царицата Кандакија

Овој црнец и евнух прими Крштение од Светиот апостол Филип (Дела 8, 26 - 40). По ова се врати дома и почна да Го проповеда Христа. Тој беше првиот апостол меѓу црнците во Етиопија. Заврши маченички и се удостои со Царството Божјо.

Преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец

Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во Хилендар и се замонаши. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов на неговиот духовник појде во Трново пред Турците и се објави како христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818 година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.