Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Дел од соборјаните на АЦСН на МПЦ посетија манастири и цркви во Полошко-кумановската и Дебарско-кичевската Епархија (14.11.2004)

Во текот на вчерашниот ден дел од учесниците на Архиепископскиот Црковно-народен Собор на Македонската Православна Црква од Калишта се упатија во обиколка на повеќе значајни места во Западна Македонија, во Маврово, Гостивар, Тетово и на други места. Групата соборјани, предводени од Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Европски г. Горазд и Митрополитот Брегалнички г. Агатангел, меѓу кои дeканот на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, проф. Јован Белчовски, и соборјаните на АЦСН на МПЦ од Американско-канадската и од Европската Епархија, ги посетија обновениот манастир на Свети Атанасиј Велики во Лешок и општежителните манастири на Свети Јован Крстител (Бигорски) и на Св. великомаченик Георгиј (Рајчица) во Дебарско-кичевската Епархија. При посетата на последните два манастири со поздравно слово кон светите монашки обители и кон присутните соборјани се обрати Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.