Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во машкиот манастир во Ново Село (18.09.2004)

 

Во манастирот на Свети Антониј Велики во Ново Село денес Божествена Литургија отслужи Струмичкиот Митрополит г. Наум.

 

Додека светиот авва Антониј живееше во пустината, го обзедоа небрежност и мрачни помисли. И Му говореше тој на Бога:

            „Господи, сакам да се спасам, но лошите помисли не ме напуштаат. Што да правам во својата беда? Како да се спасам?“

И кога малку се наведна нанадвор, здогледа Антониј некој што беше ист како него, како седи и работи, а потоа станува од својата работа и се моли, и како повторно седнува и плете јажиња, а потоа повторно станува на молитва. Беше тоа ангел Господов кој му беше испратен за помош и поддршка на Антониј. И слушна како ангелот му зборува:

            „Прави така и ќе се спасиш“.

А овој, кога го чу, почувствува голема радост и одважност; и чинејќи така се спаси.

  од Старечникот