Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Возенсение Христово (Умлена) (20.05.2004)

 

 

Денес, на стогодишнината од изградбата на црквата во малешевското село Умлена, посветена на Христовото Вознесение, Божествена Литургија во таа црква отслужи Струмичкиот Митрополит г. Наум. На Архиерејската Литургија на славата на храмот во Умлена присуствуваа многубројни верни од селото и околината. 

 


Говореше авва Серапион:

            „Како што војниците стоејќи пред царот не можат да гледаат ни лево ни десно така и човекот, ако стои пред Бога и секој час бдее пред Него во страв, ништо непријателско не може да го застраши.“

 

 

     

   Го запраша авва Мојсеј авва Силуан:

            „Може ли човекот секој ден да поставува нов почеток?“

   А Старецот рече:

            „Ако е ревносен, може и секој час да поставува нов почеток.“ (од Старечникот)