Романскиот Патријарх стана почесен доктор на Богословскиот институт „Свети Сергеј“ во Париз
 
 
 
 
 

Романскиот Патријарх стана почесен доктор на Богословскиот институт „Свети Сергеј“ во Париз (13-07-2009)

На 9 јули на свечена церемонија Романскиот Патријарх Даниил стана почесен доктор на Православниот богословски институт „Свети Сергиј“ во Париз.

За церемонијата замина официјална делегација на Романската Православна Црква, во којашто учествуваа духовници, богослови, поранешни студенти на институтот.

На врачувањето на почетната титула присуствуваа духовници, претставници на Романската Православна Црква во Западна Европа, дипломати, деканот на Институтот, професори.

Беше истакната големата улога на Патријархот Даниил за возобновувањето на духовниот живот во Романија, истакнати се неговите напори за устројување на богословски училишта, библиотеки, семинарии, и најповеќе за созадавањето и поддршката на црковните медиуми, преку кои Евангелието достига до домовите на многу Романци и ги прави сопричасни на Христовото дело.

Како одговор Патријархот Даниил ги истакна добрите врски меѓу Институтот „Свети Сергиј“ и Романската Православна Црква. Сведоштво за тоа е големиот број на романски духовници, коишто учат таму. Тој истакна дека Богословскиот институт „Свети Сергиј“ не е ниту голем, ниту се одликува со материјално богатство, но тој е почитуван поради својата мисија во светот. Патријархот Даниил одржа и академско предавање на тема „Слободата и одговорноста во Црквата“.

      

Извор: Basilica.ro