Приоритет во пастирската дејност на архиепископот Иероним се младите
 
 
 
 
 

Приоритет во пастирската дејност на архиепископот Иероним се младите (24.02.2008)

Приоритет во пастирската дејност на новиот Грчки архиепископ Иероним се младите и децата. Уште во првите денови после интронизацијата, Архиепископот најави дека при Архиепископијата ќе формира постојано активен младински совет, каде што младите ќе имаат можност да ги споделат своите идеи во врска со развојот на црковниот и општествениот живот, како и да доставуваат до високиот клир на Грчката Црква конкретни предлози. Практика е на Архиепископот Иероним да ги посетува парохиите во грчкиот главен град без претходно најавување и далеку од камерите. При тие посети тој обично е сам. Оваа недела го посети атинскиот храм на свети Димитриј, каде што после службата разговараше со младите луѓе.

 

Извор: Dveribg.net