Евангелие и поука на ден
 

 

Евангелие и поука за 05/12/2025

Почеток
 
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 16:15-18;17:1-4

15. И им рече: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост.
16. Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.
17. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18. Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.
1. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној, преку кого доаѓаат;
2. за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.
3. Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае – прости му.
4. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: »Се кајам« – прости му.”

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Тимотеј 4:4-16

4. Оти секое творение Божјо е добро и ништо не е за отфрлување, штом се прима со благодарност,
5. бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6. Кога ќе ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар слуга на Исуса Христа, хранет со зборовите на верата и на доброто учење, што си го примил.
7. Од погани и бапски приказни одбегнувај, туку обучувај се во побожност;
8. оти телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сe, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот.
9. Тие зборови се верни и достојни за секакво примање,
10. затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.
11. Ова препорачувај го и поучувај!
12. Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта,духот, верата и чистотата!
13. Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување!
14. Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството!
15. Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сe!
16. Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров

Семето што го посеа сатаната во срцето и умот Адамов – помислата да стане бог без Бога – е внедрено толку длабоко во нашето битие, така што непрестајно се наоѓаме под власта на гревот.