Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 4:31-36
31. | И слезе во Капернаум, во градот Галилејски, и ги поучуваше во саботните денови. |
32. | И се чудеа на Неговата наука, зашто словото Му беше со власт. |
33. | Во синагогата се наоѓаше еден човек, во кого имаше нечист бесовски дух, и тој извика гласно: |
34. | О, што имаш со нас, Ти, Исусе Назарејче? Си дошол ли да нe погубиш? Те знам кој си, Ти си Светец Божји. |
35. | А Исус му забрани, говорејќи: „Молкни и излези од него!” Па откако го кутна насреде, бесот излезе од него и ништо лошо не му направи. |
36. | И сите се уплашија, и расудуваа, говорејќи меѓу себе: „Какви се овие зборови, со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат?” |
Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 15:39-45
39. | Не е секое тело исто со друго тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица. |
40. | Има тела небесни и тела земни, но друг е болскотот на небесните и друг на земните; |
41. | еден е болскотот на сонцето; друг е болскотот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува. |
42. | Такво е и воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање; |
43. | се сее во бесчест – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила; |
44. | се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Има тело душевно, има и тело духовно. |
45. | Па така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа”, а последниот Адам – животворен дух. |
Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Зачестеноста на молитвата создава навика за молитва, којашто набрзо станува втора природа и често ги доведува умот и срцето до повисока духовна состојба.