Мeѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“
 
 
 
 
 

Во 1987 година со одлука на Митрополитот Полошко-кумановски Господин Кирил е формирана Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“. Идејата беше на сликарот Петар Мазев и група ентузијасти. Колонијата работи под патронат на манастирот и е помогната од Министерството за култура.

За дваесет години успеа да собере над двесте познати имиња од светот на уметноста од сите континенти, при што се создадени над петстотини ликовни дела.

Колонијата традиционално се одржува секоја година од 5 до 20 септември, во конаците на манастирот. Учесниците во работата на ликовната колонија ги поканува Советот на колонијата. Поканетиот гостин има обезбедено превоз Скопје-Крива Паланка-Скопје, сместување, исхрана и материјал за работа-масло, (четки за сликање и специфични материјали за работа, пожелно е самиот автор да понесе со себе).

Секој поканет учесник должен е да остави две дела за збирката на колонијата, во договор со организаторот.

Делата настанати во колонијата традиционално се излагаат секоја година.

Координатор: Јордан Михајловски, e-mail: sveti _ naum@hotmail.com