Пролог: Преподобен Григориј Синаит
 

 

Житие: Преподобен Григориј Синаит

Календар, житија, пости
Почеток
 
Наречен Синаит зашто беше замонашен на гората Синај. Во времето на царот Андроник Палеолог, околу 1330 година, дојде на Света Гора да ги посети манастирите и да дознае нешто за умствената молитва и созерцанието. Но овие духовни дејанија меѓу светогорците во она време беа безмалку непознати. Единствен кој знаеше за ова и до совршенство го практикуваше беше Свети Максим Капсокаливит. Григориј го распростре своето учење за умствената молитва по келиите и манастирите на Света Гора. Прочуен меѓу неговите ученици беше Калист, патријарх Цариградски, кој и го напиша неговото житие. Потоа Григориј премина во Македонија и по други места на Балканот и основа обители во коишто монасите се вежбаа во Исусовата молитва со умот. Така им помогна на многумина да се вдлабочат во молитвата и да се спасат. Неговите списи за умствената молитва и за подвижништвото се наоѓаат во Добротољубието. Меѓу другото го напиша и припевот кон Пресвета Троица „Достоино ест“, кој се пее на воскресната полуношница. Спаѓа меѓу најзначајните подвижници и духовни учители на Балканот. Се упокои мирно.

Тропар
Твојот подвиг, Григорие свети, стана мирна вода која со Изворот се соедини, од земниот живот твој ангелите столб благодатен кон Небото подигнаа. Срцето за Христа подготвено, светлината на Духот да ја скрие не можеше пеејќи непрестајно, незапирливо – Господи Исусе Христе помилуј н?. И нас, сега, спомни н? од местото на Светлината нетлена.