Пролог: Преподобен Пимен Многуболезнен
 

 

Житие: Преподобен Пимен Многуболезнен

Календар, житија, пости
Почеток
 
Од малечок болежлив и од малечок желен за монашки живот. Во Печерската лавра го донесоа заради исцеление, но тој остана таму до смртта. Повеќе Му се молеше на Бога за болест одошто за здравје. Ноќе му се јавија ангели и го потстрижаа за монах. Тогаш му рекоа дека ќе боледува до смртта и дека пред да умре ќе оздрави. Така и стана. Дваесет години лежеше на постела. Правеше големи чуда за време на животот и беше голем проѕорливец. Пред смртта стана од постелата наполно здрав и веднаш почна да си подготвува гроб. Се упокои во Господ во 1110 година.