Пролог: Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички
 

 

Житие: Свети Емилијан Исповедник, епископ Кизички

Календар, житија, пости
Почеток
 
Епископствуваше во Кизик за време на злиот цар Лав Ерменин, иконоборец. Бидејќи не сакаше да се покори на царските декрети за исфрлање на иконите од Црквата, заедно со другите православни епископи и тој беше испратен во прогонство. Во прогонство проживеа пет години, трпејќи многу маки и понижувања заради Христа. Се упокои и се пресели меѓу небесните граѓани во 820 година.

Тропар
Спасителот, порди аскетското подвижништво твое, те постави ѕвезда водилка за паствата православна, и исповедник на иконата света. Преку море на тегоби и злоставување, победи Вистината во тебе, Емилијане, пастиру свет, и Христос нашиот Бог во небесните живеалишта те поведе, од каде сега ти моли се за наше спасение.