Пролог: Светиот маченик Теодот Анкирски
 

 

Житие: Светиот маченик Теодот Анкирски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки кои пострадаа за Христа. Кога незнабожците дознаа за него, го удрија и него на маки и го погубија (под 18 мај).

Тропар
Мачениче свети Теодоте, денес Христос под Крстот те приведе, пофалба возвестувајќи во црквата Негова, крст маченички од раката Божја примајќи, името свето Господово го прослави, отче свети од небесните одаи моли се, да се спасат душите наши.