Пролог: Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес

Календар, житија, пости
Почеток
 
Се мисли дека беа Словени. Му служеа на Бога во Тракија, каде што беа предадени на маки. Кога незнабожците јурнаа да ја запалат христијанската црква, Филип храбро му рече на нивниот старешина: „Мислиш дека Бог е затворен во карпите? Он живее во срцата“. Храмот го разорија, а книгите ги запалија и овие свештеници ги одведоа во Едрене, каде што после робија и маки беа исфрлени полуизгорени во реката Марица. Со нив загинаа маченички уште триесет и осуммина христијани. По с ? изгледа ова се случи во времето на Диоклецијан.

Тропар
Трагајќи по вистината, го надминавте човечкото мудрување: Филипе, кој во омофор на благодатта се облече, Севере, кој Евангелски паствата ја раководеше, и Хермесе, гласнику на Бога Живиот. Стигнавте поведени од Христа во небесните дворови каде венци маченички примајќи заедно со уште триесет браќа по дух, молете се за нас кои го чествуваме вашиот свет спомен.