Пролог: Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина
 

 

Житие: Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина

Календар, житија, пости
Почеток
 
Петар - прекрасно момче, Дионисиј - маж угледен, Андреј и Павле - војници и Христина - шеснаесетгодишна девица, сите Го исповедаа храбро Господ Христос и за Неговото име претрпеа маки и смрт. Некој Никомах, којшто беше мачен заедно со нив, се одрече од Христа насред маките и одеднаш слезе од умот, па како бесен го гризеше своето тело и исфрлаше пена на усните додека не издивна. Ова се случи во 250 година.