Пролог: Светиот маченик Евстатиј
 

 

Житие: Светиот маченик Евстатиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој Христов маченик беше војник во Анкира. Изведен на суд не се исплаши од ниедни маки и слободно го исповедаше името на Господ Исус. Војводата Корнилиј нареди и му ги превртеа стапалата, му провлекоа јаже, па го влечеа Божјиот човек до некоја река и го фрлија во реката. Спасен со Божјата сила и исцелен од раните, тој му се јави на војводата наполно здрав. Кога го виде жив војводата толку се исплаши, што го извади мечот и самиот себеси се прободе. Евстатиј поживеа уште некое време и се упокои во Господ во 316 година.

Тропар
Евстатие свет мачениче, имајќи помош од Господа заради верата и надежта во Него, доби закрила ангелска, и на подвиг маченички беше ободрен, за да се покаже силата Господова и љубовта кон родот човечки која од Него извира. Затоа и ние сега смелост имајќи, те молиме за нас да се застапиш пред Оној Кој такво величие ти воздаде.