Пролог: Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија
 

 

Житие: Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Антиохиски граѓани од времето на Теодосиј Велики. Андроник беше златар по занает. И тој и жена му беа многу благочестиви и непрестајно се трудеа да одат по патот Господов. Од својата заработка една третина им даваа на сиромашните, друга на Црквата, а со третата се издржуваа. Откако им се родија две деца, се договорија да живеат како брат и сестра. Но по неиспитливата Божја Промисла децата им умреа во еден ден двете. И родителите беа во голема тага с ѐ додека Светиот маченик Јулијан не ѝ се јави на Анастасија на гробиштата и не ја утеши со веста дека нивните деца се во Царството Божјо и дека им е подобро таму одошто со родителите на земјата. По ова обајцата оставија с ѐ и појдоа во Мисир, каде што примија монашки чин - Андроник кај Старец Даниил во Скитот, а Анастасија во женскиот манастир во Тавенисиот. Откако му угодија на Бога со своите долгогодишни подвизи, се преселија во Царството Небесно, најпрво Св. Анастасија, а потоа осум дена по неа и Св. Андроник.