Пролог: Светите маченици Виктор и Стефанида
 

 

Житие: Светите маченици Виктор и Стефанида

Календар, житија, пости
Почеток
 
Виктор беше роден римјанин, а по занимање војник. Мачен за Христа во времето на царот Антонин. За време на неговото мачење една млада жена Стефанида изјави дека и таа е христијанка. Виктор го убија со меч, а Стефанида ја растргнаа врзана со едната нога за врвот на една палма, а за другата за врвот на друга.

Тропар
Надежта твоја на Бога ја положи, о Викторе, свет мачениче, искушенија Јовови, вера Аврамова, праведност Ноева, се принесе себеси како Исаак, и мноштво кон Господа приведе со благодатта ти подарена, меѓу кои и Стефанида света која благодатно душа своја во раце Христови предаде, вистината исповедајќи ја. За нас сега од вечноста молете се, свети маченици.