Пролог: Преподобен Доситеј, ученик на Ава Доротеј
 

 

Житие: Преподобен Доситеј, ученик на Ава Доротеј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Преподобен Доситеј, ученик на славниот ава Доротеј, кој живеел во скитот на преподобните Серид, Јован и Варсануфиј Велики. Доситеј му бил роднина на некој војвода и бил во посета на Ерусалим за да се поклони на светињите. Кога ја гледал иконата на Страшниот суд во една црква, му се приближила една жена во порфирна облека, објаснувајќи му ја фреската. Најпосле, при разделбата, таа му рекла дека ако сака да се спаси, треба да пости, да не јаде месо и често да Му се моли на Бог. Тоа била Пресвета Богородица. Се разгорело срцето на младиот Доситеј, па му се родила желба за монашки живот. Доротеј го примил како послушник и му наредил потполно да се откаже од својата волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му давал да јаде колку што сака, по извесно време му ускратувал по една четвртина, па по некое време повторно една четвртина помалку, додека не го научил да поминува со најмала количина на храна, секогаш говорејќи му: „Јадењето е навика и колку кој навикне, толку и ќе јаде“.Доситеј се прославил со потполно послушание и е пример за монашката послушност и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живеел во 6 век.