Житие: Светиот свештеномаченик Партениј, патријарх Цариградски
Родум од островот Митилена. Подолго време беше хиоски епископ. Потоа го избраа за патријарх. Но заради извесни лажни достави дека работи против државата, Турците прво му нудеа да се потурчи, а кога тој одлучно ги одби, го обесија во 1657 година.