Пролог: Преподобен Серафим Саровски
 

 

Житие: Преподобен Серафим Саровски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

Тропар
Од младоста Христа си го засакал, блажен, на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш. Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината, со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова, си бил избраник на Божјата Мајка. Поради тоа и ние Ти повикуваме: Спасувај н? нас по твоите молитви, Серафиме, преподобен оче!