Пролог: Спомен на монахот којшто радосно умре зашто никогаш во животот не осуди никого
 

 

Житие: Спомен на монахот којшто радосно умре зашто никогаш во животот не осуди никого

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој монах беше мрзлив, негрижлив, немолитвен, но во целиот свој живот не осуди ниеден човек. И кога умираше беше весел. Кога го прашаа браќата како при толку гревови умира весело, одговори: „Сега видов ангели што ми покажаа хартија со моите многубројни гревови. Јас им реков: „Господ рече: „Не судете за да не ви се суди““. Јас никогаш никого не осудив и се надевам на милоста Божја дека нема да ме осуди“. И ангелите ја искинаа онаа хартија. Кога монасите слушнаа за ова, се восхитија и се поучија.