Пролог: Преподобен Лука Столпник
 

 

Житие: Преподобен Лука Столпник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Живееше во Цариград во времето на царот Константин Порфиророден. Како војник учествуваше во војната против Бугарите, во која виде погибел на илјадници луѓе, а самиот излезе жив и неповреден. Согледувајќи го во тоа спасение прстот Божји, ја презре суетата на светот, се повлече на еден столп кај Халкидон и таму се подвизуваше цели четириесет и пет години, чистејќи си го срцето од сите гревовни помисли и желби. Се упокои помеѓу 970 и 980 година.