Пролог: Светите маченици Аристокл, Димитријан и Атанасиј
 

 

Житие: Светите маченици Аристокл, Димитријан и Атанасиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Аристокл беше свештеник во соборната црква во градот Тамас на Кипар и водеше богоугоден живот. Заради својата голема ревност се удостои со глас од небото да оди во Саламина Кипарска за да прими венец на мачеништво. Но му се придружија ѓаконот Димитријан и чтецот Атанасиј. Кога овие Божји луѓе дојдоа во Саламина, почнаа да Го проповедаат Христа. Незнабожците ги фатија и откако ги намачија, Аристокл го убија со меч, а Димитријан и Атанасиј ги изгореа во оган, во 306 година.

Тропар
Гласот над водите те поведе од гората во подножјето на храмот Божји, свет Аристокле, од каде со Димитријана и Атанасиј стапивте на служба во војската Христова маченичка. Спомнете си сега за нас од Небесното Царство, вие свети служители на Божјата скинија.