Пролог: Свети Игнатиј, патријарх Цариградски
 

 

Житие: Свети Игнатиј, патријарх Цариградски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Син на царот Михаил Рангава. За патријарх дојде после Св. Методиј во 846 година. Во 858 година го симнаа од престолот и го пратија во прогонство. На негово место стана патријарх првиот царев секретар, Фотиј. Но кога на царскиот престол дојде Василиј Македонецот, тој повторно го врати Св. Игнатиј на патријаршискиот престол. Св. Игнатиј управуваше со Божјата Црква со голема ревност и мудрост. Го изгради манастирот на Св. Архангели, во којшто се упокои во Господ во осумдесет и деветтата година од неговиот живот на земјата.