Пролог: Свети Теодор, епископ Едески и другите со него
 

 

Житие: Свети Теодор, епископ Едески и другите со него

Календар, житија, пости
Почеток
 
Во својата дваесетта година се замонаши и како монах помина триесет и шест години. Тогаш, во времето на царувањето на Михаил и Теодора, беше избран за епископ Едески. Се упокои во 848 година. Со него се спомнуваат и неговиот учител Свети Теодосиј Столпник Сирски, неговиот брат Св. Јован и Св. Адер, благородник и богаташ, којшто побегна од жена си и се замонаши.

Тропар
Подвижнику Христов, Теодоре оче свет, пустината душа ти освети, срце исполни со благодат спасоносна, која пастир те возведе и ловец на луѓе постави. Радувај се пред Христа и за нас моли се, ти кој цареви – слуги Божји направи, и мноштво народ кон свето спознание и спасение приведе.