Пролог: Преподобна Макрина
 

 

Житие: Преподобна Макрина

Календар, житија, пости
Почеток
 
Баба му на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието. Ученичка на Св. Григориј Неокесариски чудотворец. За време на гонењата на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот ? , Василиј, се криеја по шумите и пустините. Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа. Лишени од с ? освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години. По Божја Промисла кози се спуштаа од планините и им се подаваа да ги нахранат со млеко, па така го подмируваа гладот. Обајцата се упокоија мирно во 4 век, после многу страдања за верата Христова.

Тропар
Преподобна мајко наша Макрино, твоите молитви денес ги просиме, застапи се за нас пред Господа, ти која послужи како градина плодоносна, од која Он ќе изнедри мноштво фиданки, украси на Неговата Црква Небесна.