Пролог: Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски
 

 

Житие: Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Современик на праотецот Авраам. Според зборовите на Светиот апостол Павле, како цар и свештеник Мелхиседек е праобраз на Господ Исус Христос (Евр. 7).

Тропар
О велик Господи, о Сило незнајна, Ти даде лик на свештенството преку праведниот Мелхиседек, а го покажа Своето совршенство преку Синот Твој Единороден, затоа о ти Мелхиседеку, Божји свештенику, праобразу на ереите, моли се да не попушти ревноста на свештениците, моли се, отче, правилно да управуваат епископите, Словото да биде со живот исповедано, лебот и виното во Живот преобразено, за попатнина кон Небесната скинија.