Пролог: Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа
 

 

Житие: Светата маченичка и девица Сузана и другите со неа

Календар, житија, пости
Почеток
 
Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив и нивните цели домови. Разјарен заради ова, царот нареди та џелатите ги одведоа Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј. Жената на царот, Сирена, потајна христијанка, ноќе го зеде телото на маченичката и чесно го погреба. А папата Гај ја претвори онаа куќа во којашто ја погубија Света Сузана во црква и во неа служеше служби. Наскоро по страдањето на оваа Христова невеста пострада и нејзиниот татко Гавиниј и чичко ? , папата Гај. Чесно пострадаа за Христа и примија венци на невенлива слава во 295 и 296 година.

Тропар
Како река благодатна од допирот на твоето присуство се покажуваше силата Господова, о Сузано, над безбожието и гревовноста човечка. Радувај се, света маченичке, која Бога Го прослави, радувај се, света гулабице, по чии молитви Христос н? примири, и не престанувај за нас да се застапуваш.