Пролог: Собор на Пресвета Богородица
 

 

Житие: Собор на Пресвета Богородица

Календар, житија, пости
Почеток
 
На вториот ден од Божик христијанската Црква ? оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Тропар
Дојдете, сите верни, ум да воздигнеме кон Небесата, со ангелите да Ја восфалиме Онаа Која е поширока од Небесата, умилно песни да слушаме за славата Нејзина, срцата да ги отвориме и во нив да Го примиме Младенецот, Кој од Неа во светот се покажа. Радувај се, Мајко на Несместливата Светлина, радувај се, Девственичке Која во нашата природа девственоста ја обновуваш.

Кондак
Оној што пред ѕвездата Деница се роди од Отецот без мајка, денес на земјата се воплоти од Тебе без татко. Затоа ѕвездата им благовести на Мудреците, а ангелите со пастирите го воспеваат Твоето неискажливо раѓање, Благодатна.