Пролог: Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј
 

 

Житие: Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Сите тројца беа прво незнабожци и поклоници на огнот. Беа слуги на дворецот на литовскиот кнез Олгард во Вилна. Порано се нарекуваа: Круглец, Кумец и Нежило. Сите тројца ги крсти свештеникот Нестор. Ги обесија еден по друг на ист даб во 1347 година. Овој даб христијаните го исекоа и изградија црква во слава на Пресвета Троица. Во таа црква ги положија моштите на мачениците, а на трупот од дабот ја направија Чесната Трпеза. Нивните мошти се во Вилна.