Пролог: Блажената Таиса
 

 

Житие: Блажената Таиса

Календар, житија, пости
Почеток
 
Богата девојка, христијанка, во Мисир. Се реши да не стапува во брак, а имотот им го раздаде на пустинските монаси. Кога го потроши сиот имот, се предаде на развратен живот. Монасите, кога слушнаа за ова, го замолија авва Јован Колов, па тој појде во Александрија и почна да плаче пред Таиса. Штом го чу старецот како плаче за нејзините гревови, веднаш се покаја и ја остави куќата и воопшто с ѐ , па тргна во пустината по Светителот. По патот ноќе, кога таа спиеше а Јован стоеше на молитва, тој ги виде ангелите како ја зедоа нејзината душа во голема светлина. И позна Јован дека нејзиното миговно но топло покајание Му беше поугодно на Бога од долгогодишното надворешно покајание на мнозина отшелници.