Пролог: Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани
 

 

Житие: Преподобните маченици Теодор и Теофан Начертани

Календар, житија, пости
Почеток
 
Браќа по тело, родум од Палестина, многу образовани во светската мудрост и во духовната. Монаси во обителта на Св. Сава Осветен, потоа и презвитери. Луто пострадаа за иконите во времето на тројцата цареви: Лав Ерменин, Михаил Валвос и Теофил. Безумниот Теофил ги тепаше со свои раце и нареди па по лицата со железо им нацртаа шегобијни стихови, заради што и ги завикаа Начертани. Ги фрлија во затвор во градот Агапија Витиниска. Овде Теодор умре во маки и во рани. Теофан го ослободија во времето на Теодор и Михаил, а патријархот Методиј го постави за митрополит Никејски. Свети Теодор се упокои во 833 година. Овие прекрасни браќа пострадаа за Христа од Кого добија според љубовта во бесмртното Царство Негово.