Пролог: Светиот апостол Варнава
 

 

Житие: Светиот апостол Варнава

Календар, житија, пости
Почеток
 
Еден од Седумдесеттемина. Роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Се викаше прво Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, Син на Утехата, зашто вонредно умееше да ги теши човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По с ? изгледа тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар од Евреите и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравје “. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот Собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на Светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна занавек. Така настана автокефалијата на Кипарската Црква.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог, да им даде прошка на гревовите на душите наши.

Кондак
Ти си бил севистински служител на Господа, како прв од седумдесетте апостоли; твојата проповед си ја озарил со Павла, на сите возвестувајќи им Го Спасителот Христа: Поради тоа, Варнаво, твојот спомен со песни го славиме.