Пролог: Преподобен Нестор Летописец
 

 

Житие: Преподобен Нестор Летописец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен Св. Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда.