Пролог: Светиот маченик Ардалион Глумец
 

 

Житие: Светиот маченик Ардалион Глумец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Прво беше артист комедијант. За развеселување на народот најпрво играше улога на маченик за верата и на сите можни начини ги исмеваше христијаните. Но кога настана гонењето на христијаните во времето на Максимијан, тој наполно се измени во духот. Гласно извика пред народот дека е христијанин и за ова го изведоа на суд. Пострада врзан за усвитена железна леса и така ја одигра својата вистинска и чесна улога на маченик.

Тропар
Погледна на тебе Спасителот, свет мачениче Ардалионе, и облека ти подари за во претставата на овој свет да ја посведочиш вистината за животот вечен и Христа да Го исповедаш, очистувајќи се во маките на исповедништвото.