Пролог: Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат
 

 

Житие: Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат

Календар, житија, пости
Почеток
 
Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. Но на 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто Свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите предци“. Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на Свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на Свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жени и деца се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на Свети Теодор. Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв. А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа овде во црквата. Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв.

Тропар
Вистински воин на Словото, Теодоре мачениче, со оружјето на верата мудро вооружувајќи се, на Небесниот Цар предобар војвода постана, победувајќи ги демонските полкови, се покажа како победоносен страдалник, затоа со вера те прославуваме.