Пролог: Свети Георгиј Исповедник
 

 

Житие: Свети Георгиј Исповедник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и од царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта.

Тропар
Исповедниче Христов Георгие, јагне смирено, напоено од изворот на бесмртноста, словата твои за верните беа ѕвезда водилка кон Бога, а за противниците меч што сече, излегувајќи од устата на Божјиот слуга. Моли се за нас ти, кој си пофалба на Митилена, под твојот омофор да бидеме ослободени од гревовите.