Пролог: Светиот блажен Василиј, јуродив Московски
 

 

Житие: Светиот блажен Василиј, јуродив Московски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Татко му се викаше Јаков, а мајка му Ана. Во својата шеснаесетта година се предаде на подвиг на јуродство и во тој тежок подвиг издржа седумдесет и две години. С ѐ на с ѐ живееше осумдесет и осум години. Немаше никакво постојано пребивалиште. Исправаше грешници, укоруваше големци, прорекуваше вистинито, имаше далечински виденија. Откако се изнатрпи во глад, во мраз, во човечки навреди, Му ја предаде својата света душа на Господ. На погреб му дојдоа царот Иван и московскиот митрополит. Погребан е во храмот на Пресвета Богородица во Москва, кој после се нарече со неговото име.