Пролог: Преподобен Нектариј Битолски
 

 

Житие: Преподобен Нектариј Битолски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Битола. Најпрво се подвизувал во манастирот „Свети Врачи“ кај Битола, заедно со својот замонашен татко Пахомиј. Потоа преминал на Кареја, каде што го продолжил подвигот под раководство на Старците Филотеј и Дионисиј, во ќелијата на Светите Архангели. Откако ги победил човечката завист, демонските напасти и тешките болести, се преселил во Царството Христово на 5 декември 1500 година. Неговите чудотворни мошти цели, нетлени и благоухани, почиваат во истата ќелија.