Пролог: Преподобен Кирил, епископ Катански во Сицилија
 

 

Житие: Преподобен Кирил, епископ Катански во Сицилија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Антиохија и ученик на апостолот Петар. Добро управуваше со Христовото стадо. Имаше и дар на чудотворство преку молитвата. Така еднаш претвори горчлива вода во питка, бидејќи беше суша и наоколу немаше друга за пиење. Мирно се упокои.

Тропар
Од горката заблуда на незнаењето, првоврховниот Апостол те приведе во познание на сладоста во Христовото учење, о Кириле, епископе свети, мирно пасејќи го стадото Божјо, мноштво чудеса сотвори благодатта која те крепеше. Затоа од небесните дворови моли се да се спасат нашите души.