Пролог: Светите маченички Зинаида и Филонида
 

 

Житие: Светите маченички Зинаида и Филонида

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родени сестри, родум од Тарс. Велат дека му се роднини на Св. апостол Павле. Како девојки се одрекоа од светот заради Христа и се повлекоа во една пештера на подвиг. Ја познаваа лекарската вештина и им помагаа на многумина болни. Особено Филонида, заради големиот пост, се удостои со дар на чудотворство. Но некои неверни ги нападнаа ноќе и ги убија со камења.

Тропар
Отфрлени од светот како болест неизлечлива, но обележани од ангелите како жртва жива на Господа угодна, свети маченички Зинаидо и Филонило, поука станавте на сите кои евангелска мудрост побараа, и Господа Го прославуваат по вашите свети молитви, Кој со венец маченички ве закити.