Пролог: Собор на Светите Седумдесет aпостоли
 

 

Житие: Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Календар, житија, пости
Почеток
 
Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа с ? двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 - 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и Дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на Дванаесеттемина во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносна љубов кон воскреснатиот Господ ги направија победници на светот и наследници на Небесното Царство.

Тропар
Апостоли свети, молете Го милостивиот Бог да ни подари простување на нашите согрешенија.