Пролог: Светиот маченик Конон Градинарот
 

 

Житие: Светиот маченик Конон Градинарот

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Назарет. Беше благ и незлоблив и во с ѐ угоден на Бога. Во времето на Декиевото гонење го мачеа за Христа. Но тој остана цврст во верата, а незнабожечките судии остро ги изобличи за нивното безумство. Со клинци во нозете, врзан за колата на кнезот, овој кроток и незлоблив светител го влечкаа с ѐ додека не изнемоште и падна. Тогаш за последен пат Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух во 251 година.