Пролог: Свети Анијан епископ Александриски
 

 

Житие: Свети Анијан епископ Александриски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Кога Св. Марко стапна од коработ на копното на Александрија, обувката на едната нога му се расцепи. Тогаш виде еден чевлар и му ја даде на поправка. Шиејќи чевларот си ја прободе со шилото левата рака и почна да му тече крв, а тој јачеше од болка. Тогаш Божјиот апостол замеси прав со својата плунка и ја намачка ранетата рака на чевларот, која со ова веднаш стана здрава. Чевларот се восхити од ова чудо и го покани Марко во својот дом. Кога ја слушна проповедта на апостолот, Анијан (така му беше името), се крсти тој и сиот негов дом. Свети Анијан покажуваше толкаво благочестие и ревност за Божјото дело, што Св. Марко го ракоположи за епископ. И овој свет човек беше вториот епископ на александриската Црква.